📌 Со енергетската криза и зголемените инвестиции во обновливите извори на енергија се отвара широк спектар за работа на сите активни чинители од ова поле. За таа цел Македонската Соларна Асоцијација го оргниазира вториот по ред соларен саем кој ќе биде од отворен тип и реализиран во Скопје Сити Мол. За време на настанот нашите компании членки ќе ги изложуваат сите своите најнови производи со цел домаќинствата/инвеститорите/проектантите/монтажерите да ги увидат најновите трендови на едно место.
Бидете дел од овогодинешниот Соларен саем – Саем за енергетско ефикасна опрема!
➡️ Типови на излагачи:Производители, трговци, монтажери, комерцијали банки, како и информации/препораки за избор на опрема преку презентација на климатско неутралниот прирачник.
Неколку причини зошто да го посетите Соларниот саем:
✅ информации за битни сертификати при избор на енергетско ефикасна опрема
✅ информации за субвенции, грантови, енергетски калкулатори и поволни кредитни линии
✅ информации за законските регулативи за инсталација на соларни системи
✅ излагачи за секаков вид опрема – фотонапонски системи, термални системи, фото/термални системи, термичка фасада, енергетско ефикасни прозорци и многу други (фирми со штандови)
📍 Локација – Скопје Сити Мол
📆 Датум: 15 – 17 септември 2023 г.
Изразување на интерес како исложувачи на саемот 👉 https://docs.google.com/forms/d/1bPYONJ2qzbMBKis-w2fERfPjN0ZYPUIR8BHBJ6WT1cQ/prefill
Проектот е финансиран во рамките на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ предводен од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест”, во соработка со “Македонското здружение на млади правници” и „Организација за поврзување на природни вредности и луѓе” (CNVP), а финансиски поддржан од Владата на Шведска.